Го напушти Apple за 800 долари, a сега би имал 35 милијарди

Од:

Еден од тројцата основачи на Apple, Рон Вејн, со продавањето на својот дел за само 800 долари, пропушти шанса неколку години подоцна со нив да заработи 35 милијарди долари.

Вејн, сега има 79 години, во време на основањето на компанијата играл улога на некој вид супервизор во однос на, тогаш, младите креативци, 21-годишниот Џобс и 25-годишниот Вознијак.

Тој го дизајнирал првото лого на Apple, го составил првобитниот договор за партнерство меѓу трите основачи на компанијата и го напишал упатството за употреба на првиот компјутер на компанијата.

Само две недели подоцна, Вејн го продал својот дел од 10 проценти во компанијата за само 800 долари. Да го задржел, тој сега би имал вредност од 35 милијарди долари.

„Да останев во „Apple“ и да ги прифатев ограничувањата пред мојата животна филозофија, можев еден ден да бидам најбогатиот мртовец на гробиштата. Тогаш бев во четириесетите години, а овие деца беа како ураган. Беше тоа како да држите тигар за опашка“, наведува Рон Вејн.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска