Малку поинаков ручек …
Потребно е:
за пирето од компири:
700 гр компири
50 гр путер
млеко, по потреба
2 жолчки
за филот:
250 гр шампињони
2 домати
1 главица кромид
масло за пржење
1 лажица сецкан свеж магдонос
50 мл бело вино
50 гр рендан кашкавал
мелен сув зачин
сол, бибер
Подготовка:
– Излупете ги компирите, исецкајте ги на коцки и сварете ги во солена вода. Исцедете ги, додадете ги путерот и млекото и направете поцврсто пире. Кога ќе се излади додадете ги жолчките и убаво измешајте.
– На масло испржете го ситно сецканиот кромид и додадете ги исецканите шампињони. Кога ќе испари малку течноста што ќе ја пуштат шампињоните додадете ги излупените доматите исецкани на коцки. Додадете и мелен сув зачин, сол и бибер и продолжете со динстањето. Пред крај додадете ги виното и сецканиот магдонос.
– Во тава за печење, премачкана со масло обликувајте ги гнездата од пире од компири. Наполнете ги со филот и посипете со изренданиот кашкавал.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути.
– Оставете малку да се изладат и послужете ги.