Глупав сум, ама не до толку да шмркам кокаин пред камери, вели италијанскиот пејач

Од:

Скандалот со снимката на која се гледа како фронтменот на групата-победничка на годинешниот „Евросонг“, „Манескин“, шмрка нешто од маса во бекстејџот, продолжува да привлекува повеќе внимание отколку самиот настап на италијанските рокери.

Медиумите пишуваа дека пејачот на „Манескин“, Дамијано Давид, шмркал кокаин, а видеото, кое не покажува јасно што се случува, ги преплави социјалните мрежи.

Дамијано веднаш ги негираше обвинувањата, а сите членови на групата се согласија да бидат тестирани по враќањето во Италија, за да се докаже дека во тие не користеле никакви забранети супстанци. По враќањето дома, пејачот го даде своето прво интервју во кое, меѓу другото, зборуваше и за снимката.

„Никогаш во животот не сум користел кокаин и сигурно нема да почнам за време на директен пренос пред цела Европа“, рече Дамијано и продолжи: И тоа, пред камера што е насочена кон моето лице?! Тоа е затоа што сум глупав? Да, но не до толку – додаде Дамијано.

По победата на фестивалот, Давид на официјалната прес-конференција беше запрашан дали користел кокаин во бекстејџот. Одговорот на Дамијано беше дека тој не се дрогира, по што групата „Манескин“ се огласи со објава Инстаграм.

„Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрогата и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и многу сме среќни за нашата победа на Евровизија. Сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката. Рокенролот никогаш не умира. Ве сакаме“, се наведува во соопштението на „Манескин“.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски