Гибаница со готови кори и врела вода

Од:

Фантастична гибаница со малку состојки и без прашок за пециво …

Потребно е:
1 пакување кори за пита
150 гр путер
околу 50 мл маслиново масло
300 гр сирење
6 јајца
300 мл врела вода

Подготовка:
– Растопете ги заедно путерот и маслиновото масло.

– Издробете го сирењето.

– Секоја кора убаво испрскајте ја со растопената маснотија и редете ги во намастена тава. На секоја петта кора распоредете од дробеното сирење. Постапката повторете ја додека да ги потрошите сите состојки.

– На крај прелијте ја убаво со преостанатата маснотија и исечете ја на парчиња.

– Изматете ги јајцата со вилушка. Додека матите постепено сипете ја врелата вода. Брзо мешајте за да јајцата не бидат како сварени. Со оваа смеса прелијте ја гибаницата и оставете 15 минути да се упие течноста.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 25-30 минути или додека да добие убава златно-кафена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска