Оваа вкусна мирисна гибаница може да ја послужите и како вкусен појадок …
Потребно е:
500 гр блитва
100 гр сирење
500 гр кори за пита
200 гр бело пченкарно брашно
100 мл масло
350 мл вода
1 кесичка прашок за пециво
Подготовка:
– Блитвата исчистете ја, измијте ја убаво и обарете ја. Исцедете ја, оставете да се излади, а потоа ситно исецкајте ја.
– Во еден подлабок сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, вода и масло и изматете. треба да добиете смеса како за палачинки.
– Додадете ги сецканата блитва и издробено сирење и убаво измешајте.
– Тавата за печење намастете ја со малку масло. Најодоздола ставете три изгужвани кори и прелијте од филот. Истата постапка повторувајте ја додека имате од состојките.
– На секој трет ред кори и на последниот ред испрскајте со малку масло.
– Вака наредената гибаница ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40-45 минути.
– Послужете ја топла.