Основачот на Microsoft Бил Гејтс, го призна она што многу Windows корисници го мислеа долго време, дека Control-Alt-Delete е непотребен механизам.
Говорејќи во интервју на Харвард хејтс изјави дека Control-Alt-Delete функцијата, која им овозможува на корисниците да се логираат во Windows и да пристапат до Task Manager било направено откако дизајнерот на IBM тастатурата не им дал едно копче за да ја извршува истата работа.
„Значи, можевме да имаме само едно копче, но човекот кој ја дизајнираше IBM тастатурата не сакаше да ни даде едно копче”, – рече Бил. “Па ние го програмиравме на пониско ниво – тоа беше грешка.”