Вкусна торта едноставна за подготовка, а идеалан за оние кои избегнуваат јајца …
Потребно е:
за кората:
1 белка
65 гр шеќер
1 жолчка
1,5 лажица вода
1,5 лажица масло
40 гр брашно
50 гр мелени бадеми
на врв на лажичето прашок за пециво
за карамел кремот:
150 гр шеќер
250 мл слатка павлака
за чоколадниот крем:
250 мл слатка павлака
100 гр чоколадо за готвење
и уште:
малку млеко во кое сте ставиле 1 ванилин шеќер
1 пакување (100 гр) готови целувки
шлаг, за декорирање
Подготовка:
– Подгответе го карамел кремот. Ставете го шеќерот во подлабок сад на рингла и карамелизирајте го. Тргнете го садот на страна и додадете ја слатката павлака. Вратете го садот на рингла и на тивко оставете да се растопи карамелот, но внимавајте да не почне да врие. Оставете да се излади и ставете го во фрижидер да се стегне.
– Преминете на подготовка на чоколадниот крем. Во друг сад на рингла сипете ја слатката павлака и загрејте ја до вриење. Тргнете го садот на страна и ставете го чоколадото искршено на парчиња. Мешајте додека не се растопи чоколадото. Оставете да се излади и ставете го и овој сад во фрижидер.
– Белката изматете ја со шеќерот и потоа додадете ги и жолчката, водата и маслото. Додадете го и брашното измешано со бадемите и прашокот за пециво. Полека измешајте со дрвена лажица.
– Смесата сипете ја во округла тава со дијаметар од 18 см, обложена со хартија за печење. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 25 минути.
– Печената кора оставете да се излади и пресечете ја на пола по должина.
– Изладениот карамел крем изматете го со миксер да добиете густ крем.
– Истото направете го и со чоколадниот крем.
– На чинија за торта ставете го едниот дел од кората и навлажете ја со малку млеко. Потоа одозгора рамномерно премачкајте ја со чоколадниот крем. На чоколадниот крем распоредете ги целувките, а над целувките распоредете го карамел кремот. Ставете ја и другата кора најодозгора.
– Целата торта одозгора и од страните премачкајте ја со шлаг и украсете ја по желба.