Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Од:

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.

Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.

Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.

– Се разбира, има обожаватели, музеи и колекционери ширум светот кои ќе сакаат да поседуваат некои од овие предмети, да се грижат за нив, да ги изложуваат, да го одржуваат нејзиното наследство и паметење живо и, во истовреме, да соберат пари за фондацијата именувана по неа, изјави Мартин Нолан од аукциската куќа.

Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.

Би можело да ве интересира

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска

Буре вино на аукција во Франција продадено за 800.000 евра

Ана Ололовска

Редок примерок од Уставот на САД продаден за над 40 милиони долари

Ана Ололовска

„Поршето“ од „Лоши момци“ оди на наддавање

Ана Ололовска

„Вила Аурора“ оди на наддавање со почетна цена од 471 милион евра

Ана Ололовска

Слика на Ван Гог продадена за речиси 36 милиони долари

Катерина Павлова-Николовска