Француската модна куќа „Ив Сен Лоран” е една од најпочитуваните претставници на високата мода. Нејзините креации можат да си ги дозволат само оние кои што за нив ќе издвојат неколку илјади евра.
Сепак, една од нејзините креации не престанува да ги забавува интернет корисниците.
Овој фустан од дел од сегашната колекција, кој благодарение на старомодниот дезен дава впечаток дека се работи за фустан кој би го носеле баби, а не модерните жени од 21-от век.
Покрај тоа, фустанот чини малку повеќе од 1.500 евра, што уште повеќе ги зголеми шегите на нивна сметка.
Иако во актуелната колекција постојат неколку слични модели, овој фустан предизвика најмногу коментари.