Ако сакате да направите нешто набрзина …
Потребно е:
150 гр брашно
1 сув квасец
125 мл млеко
3 јајца
100 мл масло
100 гр рендан кашкавал
200 гр сецкана шунка
75 гр маслинки
1 прстофат сол
2 прстофата бибер
Подготовка:
– Изматете ги јајцата, додадете ги брашното, квасецот и сите останати состојки.
– Исецкајте ги маслинките и додадете ги во горната смеса.
– Сипете ја смесата во долгнавест правоаголен калап (не треба да го намастите).
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути.