Француски авантурист откри богатство во тајните премини на Мачу Пикчу

Од:

Запечатена врата, која потсетува на отвор на древна гробница е откриена во самиот центар на светиот град на Инките, Мачу Пикчу, а со геофизички истражувања е откриено дека зад неа се крие богатство, но таа се уште не е отворена.

tieri-macu-pikcuФранцускиот археолог и авантурист Тјери Јамин изминатите 15-тина години ги помина трагајќи по остатоци од древната цивилизација на Инките во џунглите во јужен Перу.

Досега открил околу 30 вредни наоѓалишта меѓу кои и неколку тврдини и делови од цели градови.

Неодамна одлучи да го истражи целиот Мачу Пикчу во кој, врз основа на приказната на еден инженер, кој тука бил во туристичка посета во 2010 година, пронашол таен влез во подземјето во самото средиште во древниот град.

Станува збор за запечатена врата, која потсетува на влез на гробница.

Јамин на почетокот на минатата година од перунското Министерство за култура добил дозвола да спроведе детално геофизичко истражување на мистериозниот влез. Операцијата ја спровел во април.

Се испоставило дека зад вратат се кријат повеќе простории и скали, кои водат подлабоко во подземјето, а барем во една е откриена голема количина злато и сребро.

tieri-macu-pikcu-09

Сето ова е откриено од надворешната страна, така што не е сосема јасно за какви предмети станува збор. Јамин во меѓувреме побарал дозвола конечно да ја отвори вратата и да се увери што всушност се крие зад неа. Дозволата ја побарал во мај минатата година, а чекањето наводно би требало да заврши наскоро.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска