Франција повторно ја посетија рекорден број туристи

Од:

Франција и натаму е омилена туристичка дестинација која минатата година ја посетиле рекордни 83 милиони туристи.

Бројот на туристи во Франција во 2011 година достигна 81,4 милиони, но овој рекорд повторно беше соборен минатата година со 83 милиони постители, пренесоа француските медиуми.

– Со новиот рекорд на странски туристи Франција во 2012 година ја задржа водечката позиција во светот, без разлика што туристичката клиентела е значително сменета во последните неколкугодини, соопшти Дирекцијата за индустриска и сервисна конкурентност.

Бројот на странски туристи од Европа и Азија во минатата година е зголемен, додека бројот на посетители од Америка и Африка е опаднат.

Германските туристи во Франција го презедоа приматот од британските туристи, како најбројни посетители.

Французите традиционално најчесто се определуваат за одмор во својата земја, што не е само последица на актууелната криза.

Прв пат од 2008 година, потрошувачката на странските туристи во Франција достигна 35,87 милијарди евра, додека во 2011 година таа изнесуваше 33,7 милијарди.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска