Франција е туристички најпопуларната земја, а Бангкок е најпосетениот град во светот

Од:

Франција е туристички најпопуларната дестинација во светот во 2012 година, во која престојувале далеку најмногу странски гости, додека главниот град на Тајланд – Бангкок е најпосетениот град, покажува истражувањето на Светската туристичка организација при Обединетите нации.

Вкупно 83 милиони странски туристи и гости престојувале во Франција минатата година, што е 17 милиони луѓе повеќе од вкупното население на оваа европска држава. Анализата што е направена открива дека Франција била интересна не само со своите медитерански летувалишта и плажи, како и зимските скијачки центри, туку и со својата внатрешност и градовите, а пред се, Париз.

Во Франција престојувале приближно 16 милиони туристи повеќе отколку во САД, втората најпопуларна дестинација, или повеќе од 17 милиони повеќе отколку во Шпанија и Кина кои го делат третото и четвртото место. Италија е петтата дестинација во светот, по бројот на туристите кои минатата година биле во оваа медитеранска земја.

Како шеста туристичка дестинација е Турција, со 35,7 милиони странски туристи и гости, а потоа следуваат Германија, Велика Британија со околу 30 милиони туристи, Малезија и Русија, која со 25,7 милиони гости се искачи како десета најпопуларна дестинација.

Во втората половина на листата од 20 топ туристички земји, според посетеноста минатата година, се најдоа Австрија, Украина, Хонг Конг, Мексико, Тајланд, Канада и Грција, со 17 милиони странски туристи, што е за седум милиони повеќе од бројот на најзините жители. На дното на оваа листа се Полска, Саудиска Арабија, најмногу поради одењето на аџилак на муслиманите од целиот свет и градот- држава Макао, позната по својата коцкарска индустрија.

Истражувањето на Светската туристичка организација покажа дека Бангкок со 15,98 милиони туристи минатата година е најпосетениот град во светот. Зад него, за само 20 илјади луѓе помалку е британскиот главен град Лондон, каде лани престојувале 15,96 милиони странци. Во првите пет туристички најпопуларни градови се Париз, како трет, со 13,9 милиони гости,па Сингапур и Њујорк.

Во најпосетената Франција, туристите потрошиле 53,6 милијарди долари или секој од гостите, просечно, по 646 долари, додека во второпласираната САД, 67 милиони гости потрошиле 126 милијарди долари или 1883 долари секој турист.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска