Фотографии на Битлси продадени на аукција за 290.000 евра

Од:

Стотици, досега необјавени фотографии од првите концерти на Битлси во САД, продадени се за 253.000 фунти (околу 290.000 евра) на аукција во Англија.

Автор на фотографиите е Мајк Мичел. кој тогаш имал 18 години, а ги сликал настапите на Битлси во вашингтонски „Колосеум“ и „Граѓанскиот центар“ во Балтимор во 1964 година. Фотографии има и од нивната прес-конференција и доаѓањето на бендот на железничката станица „Јунион“ во Вашингтон.

Вкупно 400 негативи се продадени вчера во аукциската куќа „Омега окшнс“ во Англија.

На истата аукција, продаден е и црн автомобил од марката мерцедес од 1984 година за сума од 50.000 евра, а кој го поседувал одреден период Џорџ харисон, член на Битлси.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска