По најразличните презентации, перформанси, ревии, проекции, форуми, дојде и крајот на 6-тата сезона на Модниот Викенд Скопје. Во Салонот Ауди со претставувањето на своите модни колекции, КОКЕВ, Антонија Ристовска, Катерина Попева и Росица Мршиќ го затворија ова издание на FWSK.
Последниот ден на 6-тата сезона на Моден Викенд Скопје присуствуваа познати лица од македонската актерска и музичка фела: Јелена Јованова, Сашко Коцев, Дејан Лилиќ, Гаро Тавитијан, Кристина Арнаудова и други.