Главниот град на Хрватска станува побогат за уште еден музеј, Музејот на илузија. Музејот, кој е со најголема збирка на холограми во овој дел на Европа и со повеќе од 70 експонати целосно воодушевува, подузува различни работи, изненадува и збунувана, затоа што во oвојj музеј сигурно ништо не е како што изгледа.
Музејот на илузија својата загрепската врата ја отвори вчера на 24 јуни, на адресa Илица 72.
Музејот на илузија нуди интригантно визуелно, сетилно и едукативно искуство во забавна авантура за сите генерации. Преку атрактивни и забавни илузии, посетителите многу ќе научат за умот, перцепција, човечкиот мозок и науката и ќе бидат во можност подобро да разберат зошто очите ги гледаат работите кои мозокот не ги разбира.
Замислете да се пркосите на гравитацијата во искосена соба, како лицето со кое сте дошле наеднаш се намалува и зголемува, како навистина гледате дупка без дно, како послужувате нечија глава на послужавник и сето тоа го овековечите на фотографија во бесконечна соба.
Музејот има и паметна соба, која низ разни дидактички концепти и дилеми игрите ги претвора во вистински фитнес за мозокот, додека музејската продавница нуди 3Д осветлување, дидактички играчки за сите возрасти и сувенири, а се со цел посетителит да можат да понесат искуство на чудење и откривање кое не престанува со излегувањето од вистинското царство на илузии.