На црногорскиот дел од Јадранот почнува изградбата на уште еден туристички град, на полуострвот Луштица, во општина Тиват, а инвеститор е швајцарската компанија Ораском, односно, нејзината фирма „Луштица девелопмент“.
Како што е соопштено, до сега веќе се продадени 120 куќи и вили во идната населба на Луштица, каде во понеделникот беше одбележен почетокот на изградбата на една од двете марини.
На полуостровот ќе бидат изградени и седум хотели со 1.200 соби, како и 1.500 станови, голф терени и други туристички содржини.
Првата марина треба да биде завршена за три години и ќе чини околу 30 милиони евра. Целиот проект, под називот „Луштица Беј“, е вреден повеќе од милијарда евра.
Владата на Црна Гора и Ораском во 2008 година го формираа претпријатието „Луштица девелопмент“ во кое црногорската страна има 10 отсто сопственост.
Во Кумбор, кај Херцег Нови, претходно почнаа подготовките за изградбата на туристички град „One&Only“, единствен од овој вид во Европа, чиј инвеститор е една азербејџанска компанија.
Вредноста на овој проект е околу 500 милиони евра.
Во Тиват веќе е одмината изградбата на хотелско-туристичкиот комплекс „Порто Монтенегро“.
Се смета дека овие туристички проекти ќе вработат, директно и индиректно, неколку десетици илјади лица, а со изградбата на туристичките населби, како се што се оценува, Црна Гора треба да стане туристичка дестинација од „висока класа“.