Фотографот Бенџамин фон Вонг од Монтреал, познат по своите фантастични фотографии, повторно ја импресионира јавноста со снимање направено 25 метри под вода.
Вонг, заедно со искусна екипа нуркачи и фотоапарат специјализиран за снимање под вода направи фотографии 25 метри под морското ниво во близина на брегот на Бали.
Моделите кои позирале на снимањето се професионални нуркачи обучени за нуркање без апарат за кислород, облечени во прекрасни модели на дизајнерот Али Чаризма од Бали.