Зградата популарно наречена „Burj Al Hawa“ (Ветровитата кула) е едно од најзнаменитите зданија во Бејрут, Либан.
Денес е позната по шарените завеси на прозорците, идеја на архитектот и уметник Џад Ел Кури.
Кулата почнала да се гради во 1974, годината пред да почне Либанската граѓанска војна, и првично била замислена како комплекс на канцеларии, продавници и ресторани. Но, поради тоа што е релативно висока, и се наоѓа на линијата меѓу Западен и Источен Бејрут, таа постојано била цел на милитантите кои ја користеле како „снајперско гнездо“.
Зградата никогаш не е населена, ниту, пак, ставена во каква било функција, но останува да сведочи за крвавата историја на оваа блискоисточна земја.