Саудиска Арабија планира да изгради град на површина од 181 километар квадратен, сред пустина во кој ќе живеат околу два милиони луѓе. За проектот се предвидени 100 милијарди долари.
Изградбата на пустинскиот метрополис е планирана на околу 100 километри од Џеда, големо саудијско пристаниште во западниот дел на земјата, на брегот на Црвеното Море, пишува „Дејли мејл“.
Моментално работите се во полн тек. Завршени се околу 15 проценти од работата, а веќе може да се видат скелети на градбите и градежни кранови.
Планот предвидува изградба на големо пристаниште, индустриски комплекс, финансиски центар, станбени згради, а плажата ќе биде уредена за туристичка намена.
– Проектот е планиран за млади, бидејќи околу 65 проценти оджителите се млади лица околу 30 години. Имаме околу 200.000 Саудијци кои студираат во странство. Мораме да имаме подготвени услови каде да ги сместиме, изјави Фади ел Рашид, директор на проектот „Емар Економик Сити“.