Во југозападниот дел на Франција сместено е шармантното село Рокамадур. Секоја година го посетуваат околу милион туристи, бидејќи веќе илјадници години е место за аџии.
Според преданието, манастирот на чии темели е изградено селото има моќ да исцелува болни, но тоа не е единствена причина поради која луѓето доаѓаат во ова село.
Убавите куќи на карпите му даваат многу впечатлив изглед, поради што во 2016 година е прогласено за омилено село во Франција, а УНЕСКО го вклучи на листата на културно светско наследство.
Селото го прослави еден светител. На карпа околу 1100 година во една пештера е пронајдено тело на маж, толку совршено сочувано што луѓето веднаш поверувале дека станува збор за некој непознат „божји човек“.
Легендата вели дека тоа било тело на свети Закеј, собирач на данок кој Исус Христос го прегрнал, откако половина од своето богатство им го дал на сиромашните. Секако никогаш не било потврдено дека станува збор за тој човек, но луѓето сепак доаѓаат поради тоа.
Што да се види?
Селото има само една улица (Rue de la Couronnerie) које е преполна со средновековни куќи, а во селото се влегува низ неколку порти на тврдината, од кои најубави се Порт ду Фигер и Порт Салмон.
Познати се и Големите скалила, кои од крајот на улицата водат до плоштадот со осум храмови.
Со парите на аџиите се финансира изградбата на големиот Храм на светите спасители, а потоа и капелата Нотрдам, во која се наоѓа статуата позната како Црна Мадона. Таа исто така е голем магнет за туристите, а според верувањата камбаната во неа е посебна и чука секогаш кога ќе се случи чудо на морето и некој морнар ќе биде спасен.
Од врвот на карпата има боженствен поглед на околината и тој е одредиште за сите аџии.