Една од најубавите работи, кои може да ги направите при посета на некоја држава е заминување во ресторан, кој ќе ви овозможи вистинско гастрономско уживање.
Доколку покрај вкусната храна имате можност и да уживате во убав поглед од ресторанот, тогаш дефинитивно тоа ќе биде оброк за помнење.
Ова се 10-те најубави погледи од ресторани во светот:
1.Ресторанот „Асиате“ во Њујорк, дава феноменален поглед на познатиот Централ парк, поради што вашата вечера сигурно долго ќе ја помните.
2. Ресторанот „Калдера” на Санторини во Грција, вашиот оброк ќе го зачини со преубав поглед на овој стрмен вулкански остров.
3. Ресторанот „Grotta Palazzese” во Италија кој се наоѓа во внатрешност на пештера, каде што посебна атмосфера создаваат бранови, кои удираат во карпите под локалот.
4. Во подводниот ресторан „Ithaa” на островот Рангали на Малдиви, освен во оброк може да се ужива и во поглед на јато риби кои пливаат над вас.
5. Ресторанот „La Panoramic in Chamonix” во Франција е вистинско место за одмор на планина.
6. Ресторанот “Siroco” во Бангкок, Тајланд е место кое мора да го видите дека сте во посета на оваа егзотична држава.
7. Ресторанот “Shangli La” во Сиднеј дава преубав поглед на прочуената сиднејска Опера.
8. „La Sponda” во Поситано во Италија ќе предизвика воздишка и кај оние најромантичните.
9. Ресторанот „Two Oceans” во Јужна Африка ќе ве воодушеви со спектакуларниот поглед на „големото синило“.
10. Ресторанот “The Rock” во Занзибар, Танзанија. По опуштање во вода искачете се на врвот на карпата и уживајте во оброкот.
Е. Г.