Од 11-ти до 13-ти април, по иницијатива на Скопје Сити Мол а во соработка со Моден викенд Скопје, во Скопје Сити Мол се одржа првиот „Ready to Wear fashion weekend” во Македонија. Преку 20 светски модни брендови присутни во трговскиот центар ги претставија своите најнови колекции од сезоната пролет/лето 2013.