ФОТО: Прво патување на најголемиот крузер на светот

Од:

Најголемиот крузер на светот „Симфонија на морињата“ денеска исполови од француското пристаниште Сен Назер на неговото прво патување, упатувајќи се кон шпанскиот град Малага.

Крузерот, чија изградба чинеше околку една милијарда евра, е долг 362 метри, а широк 66 метри. Тој има екипаж од околу 2.200 лица и може да прими речиси 6.000 патници.

Превидено е во текот на летово „Симфонија на морињата“ да плови на тури низ Средозменото Море, а на есен да се упати кон градот Мајами во американската сојуна држава Флорида, каде ќе биде неговата база.

Крузерот преставува вистински мал град со вкупна површина од над 66.000 метри квадратни. Покрај кабини за патниците, крузерот располага со повеќе ресторани и места за забава, а има и сопствен парк со околу 12.000 различни видови растенија.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска