На 1-ви април, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Тања Кокев ја претстави својата најнова колекција.
Овогодишната колекција пролет-лето 2013 Кокев ја посветува на романсата – на најженственото во жената, каде достоинството и елеганцијата почнуваат од облеката, а завршуваат во целокупниот стил на живеење. Минимализам, а раскош; пастелни, а живи бои; малку ретро и толку многу современо. Новата колекција има свежина на пролетно утро, а јачина на љубов на прв поглед.
Инспирирана од возовите на минатото, има делови од патем допрените предели чиј воздух оставил трага во ткаенината. Тантелата е само детал – акцент кој останува во сеќавањето на поминатите спомени.
Во првите редови на ревијата на Кокев може да се забележат: Тони Михајловски, Сашко Коцев со сопругата, Драгана Костадиновска, Бона Пауновска, Дадар, Илија Илов и други познати јавни личности.
Првиот ден на 7-та сезона на Моден Викенд Скопје заврши со забавата под маски во лауџ-ресторан „Арабеска“.