ФОТО: Подземен рај во најголемата пештара во светот

Од:

Доволно е голема за во неа да се смести цела џунгла, бела песочна плажа и уште многу други нешта. Има сопствена клима и животни, кои не можат да се најдат на друго место во светот. Добродојдовте во пештерата Сон Донг, која се наоѓа во Виетнам.

До неодамна скриените богатства на најголемата пештера во светот беа вистинска мистерија за остатокот од светот.

01-vietnam-cave-615

Истражувачите дури во последните неколку години стапнаа во овој дотогаш недопрен свет, а сега им се придружуваат и туристите желни за авантури.

– Кога ја посетив Сон Донг се чувствував мизерно, бидејќи таа пештера ме потсети на тоа колку сме мали и безначајни. Таму има сталагмити со големина на облакодер, џунгли, чудни животни, какво што претходно не сум видел, изјави Бен Мичел, првиот Австралиец, кој ја истражил пештерата.

hang-son-doong-cavern-7

Сон Донг ја откриле локалните жители на џунглата на почетокот на 90-те години од минатиот век, но стрмниот влез ги спречил да ја истражат. Ги плашел и звукот на жуборење, кој го слушале од пештерата, а кој доаѓа од подземната река.

Влезот бил загубен во густата вегетација речиси две децении, се додека британската експедиција конечно не дошла до него пред неколку години.

son-doong (3)[8]

Сместена во дивиот дел на националниот парк Понг На Ке Банг, Сон Донг е толку голема, што во една од најмалите простории може да се смести 40 катна зграда. Во неа би можеле да се формираат и вистински облаци.

Сонцето допира преку двата отвори, благодарение  на што во еден дел од пештерата има бујна вегетација.

Son-Doong-Cave-wallpaper

Во други делови џиновските сталагмити достигнуваат висина од неверојатни 80 метри, а во неа се пронајдени и некои од најневеројатните примероци на пештерски бисери.

Истражувачите неодамна откриле фосили, за кои се верува дека се стари 300 милиони години, а сега ја населуваат најнеобични животни.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска