На листата која ја состави Интернет магазинот „Топито и Диапорама“, двете најскапи модерни градби во светот се наоѓаат во Сингапур – Марина бaј сендс, чија вредност е шест милијарди долари и Ресортс Ворлд Сентос, чија вредност достигна 5,38 милијарди долари.
Marina bаy sands
Првопласираната Марина бaј сендс се состои од хотелскиот комплекс со 2.600 соби и казина, музеј во облик на лотос и највисокиот базен на светот бидејќи се наоѓа на 55-от кат, 240 метри над земјата. Најниската цена на ноќевање по лице е 419 долари.
Resort World Sentosa
На второ место е Ресорт ворлд сентос, градба во која има казино, парк Универзал студио како и најголем подводен океански парк во светот, како и хотелски комплекс кој се состои од шест хотели со вкупно 1.800 соби, бројни ресторани и луксузни трговски центри.
Emirate Palace
На трето место се најде хотелот со седум ѕвезди во Абу Даби, Емират палас проценет на 4,46 милијарди долари. Во сместувачките капацитети е вклучен простор од 85 хектари парк и плажа долга 1,3 километри. Просторот на хотелот е прекриен со мермер, а многу детали се направени од злато. Цената на едно ноќевање по лице се движи од 500 до 11.000 долари.
Cosmopolitan
На четврта позиција се најде хотелот Космополитен во Лас Вегас, проценет на 4,16 милијарди долари. Сместувачкиот капацитет опфаќа повеќе базени, ноќни клубови, театарски сцени, како и црква за венчавки.
One World Trade Center
На петто место Уан ворлд трејд центар во Њујорк проценет на 3,89 милијарди долари, чија изградба започна во 2006 година на местото на Кулата близначка срушена во нападот на САД на 11-ти септември 2001 година, а чија изградба треба да биде довршена на крајот на 2013 година. Висината на оваа конструкција би требало да достигне 1.776 метри како потсетник на стекнувањето независност на САД.