ФОТО: Отворена „најголемата зграда на светот“

Од:

Со сопствено вештачко сонце и површина три пати поголема од Пентагон, најголемата зграда на светот ги отвори вратите за првите посетители во Ченгду, престолнина на кинеската покраина Сечуан.

Зградата е висока околу сто метри и во неа може да собере 20 сиднејски Опери.

Комплексот, за кој кинеските власти велат дека е најголемата зграда на светот, има должина околу 500 метри, ширина од 400 метри и 1,7 милиони метри квадратни површина.

[nggallery id=213]

Во зградата има продавници, канцеларии, конференциски сали, универзитетски комплекс, два трговски центри, два хотели со пет ѕвездички и кино сали со IMAX системи.

„Глобал центар“ (Global Centre) е дизајниран според морска тематика и има фонтани, голем воден парк и вештачка плажа.

Централниот дел се состои од 5.000 метри квадратни вештачка плажа. Плажата може да собере 6.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска