Со сопствено вештачко сонце и површина три пати поголема од Пентагон, најголемата зграда на светот ги отвори вратите за првите посетители во Ченгду, престолнина на кинеската покраина Сечуан.
Зградата е висока околу сто метри и во неа може да собере 20 сиднејски Опери.
Комплексот, за кој кинеските власти велат дека е најголемата зграда на светот, има должина околу 500 метри, ширина од 400 метри и 1,7 милиони метри квадратни површина.
[nggallery id=213]
Во зградата има продавници, канцеларии, конференциски сали, универзитетски комплекс, два трговски центри, два хотели со пет ѕвездички и кино сали со IMAX системи.
„Глобал центар“ (Global Centre) е дизајниран според морска тематика и има фонтани, голем воден парк и вештачка плажа.
Централниот дел се состои од 5.000 метри квадратни вештачка плажа. Плажата може да собере 6.000 луѓе.