Околу 200 идни невести одбираа совршена венчаница на шестиот „The Bridal Fashion Night“ кој се одржа вчеравечер во „Скопје Мериот Xотел“ во организација на Моден викенд Скопје.
Ревијалниот дел го отвори „MCouture by Mila Kadriu“ со колекцијата „Spring Bridal 2018“ за која дизајнерката Мила Кадриу вели „Во новата колекција е дефинирана женственоста преку самиот крој, со храбри и естравагантни елементи во комбинација со транспарентни делови и богато рачно везени детали.Елеганцијата е претставена во најделкатната форма, гламурот е суптилен и романтичен а раскошот изобилува од различни делови и во повеќе ноти.“
Студио „Зиане“ со три нови креации ја најави колекцијата за пролет-лето 2018.
Модната куќа „Менакон“ од Косово пред македонската публика донесе 20 нови модели под името „Storm“.
Колекцијата на Наташа Карчева од ателјето „Ал Апарел“ наречена „Endless love“ е инспирирана од љубовта, убавината, музиката и карактерот на жената.
„Како и секогаш во моите колекции повторно се одбегнува стереотипот на класични венчаници а се става акцент на оние нежни, лесни, прозрачни,малкупровокативни коиуптилногоотсликуваатженскототело.“,вели Карчева.
Брендот за уникатен италијански накит „Sigma Jewelry“ ги претстави новите трендови за претстојната сезона.
За прв пат македонската публика ги виде моделите на ателјето „Зана“ од Косово со колекција за пролет- лето 2018 година наречена „Something more“ составена од 10 венчални фустани.
Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“ на овогодинешниот „The Bridal fashion night“ претстави нова уникатна креација, фустан изработен исклучиво од свежо цвеќе.
Вечерта ја затвори „Elizabet design studio“ со најновата колекција „Equilibrium“. Во една од нејзините креации ја видовме и познатата македонска кошаркарка Едина Муса која за прв пат облече венчаница.
Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Revlon Professional“ во соработка со „Cool-cut“. За шминката се покрижи официјалниот партнер за убавина „Golden Rose Macedonia“ во соработка со мејкап артистот Даниел Артевски. Чевлите кои ги носеа моделите на настанот доаѓаат од „Paolo Bocelli“.
Новиот легендарен мирис од „Орифлеим“ POSSESS THE SECRET за Неа и за Него е официјалниот парфем на шестиот „The Bridal Fashion Night“. Нашите партнери за нега се „Dove – Derma Spa“ -Нега заснована на дерматолошка експертиза за спа доживување.
„Пелистерка“ традиционално официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина. Официјалното возило на овогодинешната ноќ на невести е „Porsche“. „Moet“ останува присутен во сите важни моменти во животот бидејќи Вашата свадбена прослава го заслужува најдобриот шампањ.Винарија „Vizba Valandovo Winery“- ексклузивен партнер за сите венчавки.
Слоганот на нашите слатки партнери е: Животот е посладок со Sunday! – Sunday висококвалитетни домашни колачиња и десерти.
„Ottimo handmade“ – лептир машни и џебни марамчиња рачно произведени во Македонија на стилот му даваат уникатен печат.
Деталите разубавуваат, даваат печат препознатлив за Вас и затоа „Каталеја“ е задолжена за детали што ќе ја разубават Вашата свадба. „Casamento“ се задолжени за комплетно организирање на свадбениот ден.