ФОТО: Нинфа – најромантичната градина во светот

Од:

Ретки растенија, древни урнатини и звук на водопади – тоа е ботаничката оаза Нинфа во близина на Рим, изработена во англиски стил и прогласена на „најромантичната градина во светот“.

Градината потекнува од 19. век, кога аристократското семејство Каетани го презеле земјиштето, кое со векови било напуштено во близина на Нинфа, град, кој е напуштен уште во средниот век. Градот, кој некогаш имал 150 куќи и седум цркви бил попатна станица за аџиите и трговците на древниот римски пат, но е уништен со граѓанска војна, за потоа да стане собиралиште на уметниците.

Ninfa__s_Garden_by_hAleYk91

– Нинфа не е само градина, таа има и долга културна историја, изјави Лауро Марчети, шеф на фондацијата „Рофредо Каетани“, која менаџира со градината оддалечена 70 километри од Рим.

Мајката на Каетани, Англичанката Ејда Вилбрахам, ја основа ботаничката градина. Каетани, музичар и штитеник на унгарскиот композитор Франц Лист, ги осмислил поточињта и водопадите создавајќи ја волшебната мелодија на градината.

ninfa_garden_italy_600x

Аранжманите на растенија од целиот свет имаат софистициран, но сепак природен изглед, а градината е дом на 1.300 различни растенија, вклучувајќи и ретки од Бразил, Иран, Северна Африка.

Градината меѓу април и ноември е преполна со цвеќиња, кои ги посадила Лејла, ќерката на Рофред и Маргерит Каетани и сликарка, која починала во 1977 година. Лејла била последната од лозата Каетани и Марчети и го предала водењето на Нинфа и правилата за органско градинарство.

ninfa-032

Со цел да ја сочува Фондацијата организира посети со водич од април до ноември, а годишно градината ја посетуваат околу 55 илјади лица.

Градината оваа година ја посетиле во еден ден рекордни 3.972 потетители, иако таа не се рекламира, туку до неа се стигнува со усна препорака. Од продажбата на билетите се финансираат платите на петмината градинари.

NINFA-Italy-Old-Bridge-covered-with-Wisteria-MANN-002

– Нинфа никогаш нема да биде комерцијално место исполнето со лименки од Кока-кола, пластични кеси и отпушоци, вели Марчети.

ninfa

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска