ФОТО: Најевтини градови за туристи

Од:

Порталот „Трипадвисор“ изврши годишно истражување за најевтините градови за одмор, во кое се опфатени 48 туристички одморалишта.

Резултатите покажуваат дека најевтини се локациите во Азија, додека градовите во Европа се уште се на врвот на листата, според високите цени.

Hotel_Riu_Cancun

За да утврдат која локација е најевтина, тие ги зеле во предвид сите околности.

Коктел пијалок за две лица во хотел со пет ѕвезди, возење со такси од и до аеродром, храна и други трошоци. Според нивното истражување Канкун во Мексико има најдобра цена за пијалак.

Две мартини чинат 2.50 евра, додека истиот пијалак во Париз е 15 пати поскап.

Paris-Eiffel-Tower-France

Кога се работи за храната, во Ханој, главниот град на Виетнам, вечера за две лица изнесува околу 25 евра, додека во Стокхолм истото би чинило 130 евра.

-Резултатите од оваа година покажуваат дека азиските дестинации во споредба со европските се уште се најевтини. Меѓутоа источно европските држави како Бугарија и Чешка изгледа дека успеаа да се изборат за своето место, така што можат да понудат ефтин одмор- вели портпаролот на „Трипадвисор“, Џејмс Кеј.

budapest

Покрај Ханој, најевтини места според овој портал се и Џкарта, Шарм ел Шеик, Софија, Кејптаун, Мумбај, Куала Лумпур, Прага и Будимпешта.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска