ФОТО: Моден викенд Скопје ја најавува осмата сезона

Од:

Со фотосесија за кампањата за новиот имиџ на Моден Викенд Скопје – сезона есен/зима 13/14, FWSK тимот го одбележа започнувањето на претстојното издание кое ќе се одржи од 22. до 30. октомври.

Имиџот на оваа сезона го презентираме, за нас прв пат, со панк двојка, Симона Ангеловска и Дарко Бошковски, кои се нови лица на македонскиот моден подиум и на  модната агенција Подиум.

Панк гранџ стилот се враќа на светските модни писти и на насловните страници на најпрестижните светски модни списанија, а кај нас Моден Викенд Скопје ќе ја разбуди современата панк принцеза и урбаниот бунтовник.

Backstage photos FWSK1 Backstage photos FWSK2 backstage backstage1 backstage2 backstage3 backstage5 backstage6 FWSK3

Годинава нашата панк гранџ приказна ја создадоа: Ани и Дими (фотографија), Горан Сиџимовски (стајлинг), официјалниот мејкап и бјути партнер Cosmo во соработка со Зоран Шурбевски (шминка), брендот Rolland во соработка со фризерско студио Бубе Студио Ин (фризура), чевли Dr.Martеns (Arthur‘s продавници), Светлана Богова Јовановска (продуцент), Ирина Илиевска (кастинг директор) и Виктор Цветановски (кастинг асистент).

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски