На 7 – ми април со ревиите на Маја Кикириткова, Христина Деспотовска, Dea Sposa и Lidiya Georgieva се одржа последната вечер во салонот Ауди – Порше Македонија. Во првите редови, покрај модната патека, може да се забележат Алек Наумовски, Викторија Лоба, Васил Зафирчев, Зоран Василевски, мистерот на Македонија Ивица Симоновски, припадници на дипломатскиот кор во Република Македонија, како и кошаркарите на Работнички Mohammed Abukar и Leemire Goldwire.
Моден Викенд Скопје продолжува со одржувањето на настаните, чија цел се претставување на трендовите за сезона – пролет/лето 2013. Настаните ќе се одржуваат на следните локации: Амбасада на Шпанија, Cubus Комплекс, Skopje City Mall и Македонска Опера и Балет.