Сега веќе со сигурност знаеме од кого Бијонсе ја наследила убавината и грациозноста.
Имено, за ова сознание се погрижи нејзината 61-годишна мајка Тина Кноулс, која позираше за списанието „Ебони“, облечена во црвен фустан, кој совршено „лежи“ на неа.
Мајката на познатата Бијонсе во интервју за списанието раскажува за нејзиното семејство, разводот, големиот број хобија и хуманитарни организации со кој соработува, но и за тешките почетоци од нејзиниот живот, кога во училиште продавала сендиви и фустани, кои самата ги правела.
Убавата Тина од неодамна е омажена за Ричард Лосон, а како што вели среќниот љубовен живот многу и годи, што се потврдува и од фотографиите за „Ебони“ на кои изгледа навистина фантастично за жена на нејзина возраст.