ФОТО: Колекција венчаници „Утринска Роса“ од Антонија Ристовска Bride

Од:

Колекција инспирирана од пролетта со сите нејзини украси: пролетната утринска роса, расцутени гранки, пупки и цветови, утрата во кои таа е сонлива, а истовремено присутна и освестена.

Кроевите во основа се многу женствени и суптилно ја истакнуваат убавината на женската фигура. На секоја венчаница е работен рачен вез, со мониста, свилен конец, тантела и нежни 3Д цветови, детали кои им даваат посебна вредност.

Стилот на венчаниците е бајковит и со вонвременска елеганција. Во моделите ќе се препознаат девојки со истенчен вкус, кои имаат софистициран стил и посебна харизма.

Колекцијата е составена од две под колекции. Првата е составена од модели во кои помалку или повеќе се застапени нежно розевата и светло сината боја. Кроевите се романтични, со доработки со мониста аплицирана на венчаниците преку нова техника. Во втората потколекција доминираат елегантни бели венчаници доработени со изобилство на 3Д цветови и богати тантели.

Колекцијата се состои од 20 модели во различни кроеви: А линија, принцес, права со висок шлиц, сирена и кратка.
Материјали: Свила, шифон, жоржет, француски тул, брокат, тантела.

Ова е втора колекција венчаници која ја работиме под подбрендот AntonijaRistovska Bride кој го основавме минатата година, подбренд наменет за идните невести.

Модели: Сара Цветанова и Ангелина Китановска
Шминка и фризура: Студио Даниел Николовски
Фото: Ани и Дими
Локација: СкопјеМериот Хотел

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски