Ако преферирате див стил и го поддржувате носењето високи потпетици од 20 сантиметри, тогаш ќе ја сакате новата колекција на Серџо Торо (Sergio Toro’s Wild Footwear).
Серџо Торо е луксузна дизајнерска куќа од Њујорк, чија филозофија се гледа во авангардниот стил и деталната работа и финишот на нивните производи.
Инспирирана од мистериозната страна на природата, комбинирана со елементи кои корените ги имаат во митологијата и научната фантастика, Серџо Торо колекцијата се состои ид три видови уникатни обувки на див стил: Manta, Jaw и Venom.
Ниту еден од трите модели нема потпетици, но сепак се висои 20 сантиметри и опишани не како аксесоар, туку како искуство.
Целата колекција може да се купи само преку нарачување, со цена од 7.200 долари за Маntа моделот, 4.500 долари за Jaw и 5.800 долари за Venom моделот.