ФОТО: Ќерката на чеченскиот државен лидер со своја модна колекција

Од:

Една од ќерките на чеченскиот државен лидер Рамзан Кадиров, 18-годишната Ајшат ја претстави својата прва модна колекција, во којашто главен моден додаток е хиџабот.

Дебито на младата дизајнерка се случи во средата во чеченскиот главен град Грозни. Креациите одговараат строго на исламскиот начин на облекување во Чеченија.

– Погледнав многу слики и се инспирирав од нашите чеченски девојки во минатото. Сакав да создадам нешто што една муслиманка може да го облече без никакви грижи. Многу светски познати дизајнери како „Долче и Габана“ веќе претставија свои модни линии со хиџаб, изјави Кадирова, која гордо ја носи титулата „Хафиз”, што пак, значи дека го знае Куранот наизуст.

Дизајнерката покажа 30 впечатливи фустани, изработени од скапа свила и со разновидни декорации.


Осумнаесетгодишната дизајнерка е највозрасното од дванаесетте деца на чеченскиот шеф на државата.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски