Успешната македонска манекенка Катарина Ивановска позираше за познатиот бренд на долна облека „Women Secret“ за пролетната колекција.
Меѓу другото, таа неделава се најде меѓу топ десетте најсексапилни девојки за 2012та година, во изборот на американскиот портал за мажи Brosome. Порталот направи листа од 25 девојки кои минатата година се најдоа на нивните страници, а Ивановска се најде на 9-то место.