Успешната македонска манекенка Катарина Ивановска позираше во каталогот на „Некст“.
Привлечната Македонка ги претстави новите модни додатоци на англискиот бренд за сезоната пролет/лето 2013.
Големи секојдневни чанти, сламени шапки, очила за сонце во модерни форми, мали елегантни чанти, додатоци за коса и впечатливи марами се вклучени во колекцијата за сончевата сезона.
Дваесет и четиригодишната манекенка веќе неколку години соработува со „Некст“.