„Крај“, „Штом сакаш“ , „Сакај ме“, Не чувствувам страв“, беа најзвучните хитови со кои Каролина Гочева го одбележа вчерашниот музички спектакл кој се одржа на игралиштето „Сокол“. Со нескриена возбуда и громогласен аплауз, актуелната поп-икона беше пречекана од карпошани на шестото по ред „Карпошово културно лето“.
Карпошани, наредните денови ги очекува етно-поп музика со групата „Темпера“, а за љубителите на диско музиката следува ретро вечерта со познатиот Драган Б. Костиќ и неповторливата Вера Јанковиќ.
[nggallery id=222]