(ФОТО) Јужна Кореја: Град кој ќе го засени Дубаи

Од:

Овој амбициозен план, вреден 264 милијарди долари подразбира изградба на огромен град на островите Јонгју и Муи во близина на пристаништето и аеродромот Инкеон.

Наречен е 8City, ќе се протега на 80 квадратни километри и ќе биде најголем туристички план на светот.

Исто така посебен „мост“ висок 200 метри, широк 880 метри и долг 3.3 километри ќе претставува најголемата архитектонска единица на светот.

Во градот ќе се наоѓаат луксузни хотели, коцкарници и тематски паркови, а во план е и патека за Формула 1 како и концертна сала.

„Тоа ќе биде најдобриот град на светот со креативноста на Дубаи, коцкарниците на Лас Вегас и шопинг центрите на Хонг Конг и Сингапур“, вели Парк Сеонг Хјун, заменик претседател на компанијата Eightcity, која го осмисли проектот.

Проектот е замислен да биде готов во 2030-та година. 

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска