„Palasio de Sal“ е хотел направен од милион блокови сол, а неговата изградба траела две години. Тој е лоциран во близина на најголемото светско солено езеро Салар де Ујуни во Болвија.
Palasio de Sal хотелот е единствениот во светот кој во целост е направен од сол. Тој е изграден од милион блокови сол, има 30 соби, трпезарија и бар и сето тоа е направено од сол.
Доколку не верувате дека седите на столчиња кои се направени од компресирана сол, нема да смеете да се уверите во тоа, бидејќи лижењето на ентериерот е строго забрането.
Хотелот располага и со сауна и соба со пареа, а секако специјалност им се солените купки.