Необичниот хотел кој до половина од својата должина лебди над површината на земјата, но идните гости не мора да се грижат за својата безбедност.
Хотелот е долг околу 30 метри, и до половината се наоѓа неколку метри над земјата.
Влезот е под него. Долгнавестата зграда се наоѓа во близина на британското гратче Сафолк, и секој посетител го мами да влезе внатре и да провери дали е зградата безбедна.
Холандските архитекти од компанијата МВРДВ страната на хотелот која виси над земјата ја направиле од полесни материјали, додека половината која лежи на земјата е од потежок бетон.