Сите познати брендови на фотоапарати креираат најмодерни уреди, погодни за сите видови фотографски потреби. Меѓутоа, им недостига само една работа – оригиналност.
Сите работат според ист принцип, на сличен начин. Она што следува е уред што покажува како работи фотоапаратот, а го носи потписот на Квангун Хјун (Kwanghun Hyun).
Корејскиот мајстор речиси успеал да произведе „Хартбит“ (HeartBeat) фотоапарати, со систем на движење Unitas 6497, кој ја регулира брзината на правење фотографии. Како ентузијаст за правење уметнички дела од метал, Хјун се специјализира во производство на пинхол фотоапарати – посебен вид со мала апаратура и без леќи.
Апаратурата е многумала дупка која дозволува светлоста да влезе во фотоапаратот и да се проектира на спротивната страна на кутијата и обратно.
„Хартбит“ фотоапаратот е навистина иновативен – оригинален хибрид на фотоапарат и часовник, што користи систем на движење на часовникот за да се регулира правењето фотографии, директно контролирајќи го периодот на времето во кое фотоапаратот е отворен за нови фотографии и давајќи му на корисникот можност за подесување на тоа време.
Професионалните фотографи знаат дека долгите експозиции овозможуваат подобри фотографии. Дури и дизајнот на некој начин рефлектира интригантност и стил.