Кетрин Вилсон, успешна дизајнерка, и се придружи на Сара Харчингс од „Orsin Fine Jewerelly“ за да ги креираат најскапите чевли на светот.
По цена од 276.000 фунти, овие фантастични чевли се украсени со 21.18 каратни бели дијаманти, со тантела и каменчиња. Процесот на прикачување на каменчињата беше долготраен и напорен, со оглед на тоа дека Вилсон ги лепеше со пинцета и посебен вид лепак.
Целиот процес траеше над 50 часа.
Едноставно наречени „Diamond Shoe“ овие чевли се посебно направени за хуманитарната акција „Ronald McDonald House“, а Вилсон е амбасадор на истата акција.
Вилсон и Харчигс сакаа да креираат чевли кои означуват ултиматум во дизајнот и луксузот и олицетворение на „Пепелашка“ фантазијата“.