Турскиот актер Бурак Озџибит, познат по улогата на Бали бег во хит серијата Сулејман Величествениот, е прогласен за маж на годината во својата земја, според изборот на тамошното списание GQ.
Истото списание, неодамна ја прогласи Мерием Узерли, позната како Хурем, за жена на годината.
Инаку, Бурак, во 2005-та година го освои второто место на избор за најдобар модел на светот, но таа работа никогаш не го привлекувала вистински. Негова голема љубов се фудбал и стари автомобили.