ФОТО: Американец минал милиони километри со „Волво“ од 1966 година

Од:

Ирв Гордон, со својот олдмобил минал милиони километри и поседува одометар што го докажува тоа. Тој во 2002 година поставил светски рекорд минувајќи 3,2 милиони километри во својот бордо „Волво“ од 1966 година. Единаесет години подоцна, овој пензиониран професор по хемија од Лонг Ајленд, додаде уште еден милион милји, односно 1,6 милиони километри.

Доколку, неговиот „Волво“ по игра на случајот беше спејс шатл, тоа ќе значеше дека шестпати отпатувал од Земјата до Месечината и назад.

irv-gordon1

Гордон прв пат го поставил рекордот во 1998 година, како возач кој минал најмногу километри во некомерцијално возило и од тогаш не престанал да вози. Интересно е дека неговиот автомобил се уште го има оригиналниот мотор.

Гордон со својот автомобил ја пропатувал цела Северна Америка, пет европски земји, а посакува наскоро да ги посети и Хаваите.

irv-gordon2

– Најдобар начин да се истражи Америка е со автомобил. На секого му препорачувам да излезе и да види што е можно повеќе работи. Најдете свое патување и причина да верувате, бидејќи имате само еден живот, вели Гордон.

irv-gordon3

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска