Ирв Гордон, со својот олдмобил минал милиони километри и поседува одометар што го докажува тоа. Тој во 2002 година поставил светски рекорд минувајќи 3,2 милиони километри во својот бордо „Волво“ од 1966 година. Единаесет години подоцна, овој пензиониран професор по хемија од Лонг Ајленд, додаде уште еден милион милји, односно 1,6 милиони километри.
Доколку, неговиот „Волво“ по игра на случајот беше спејс шатл, тоа ќе значеше дека шестпати отпатувал од Земјата до Месечината и назад.
Гордон прв пат го поставил рекордот во 1998 година, како возач кој минал најмногу километри во некомерцијално возило и од тогаш не престанал да вози. Интересно е дека неговиот автомобил се уште го има оригиналниот мотор.
Гордон со својот автомобил ја пропатувал цела Северна Америка, пет европски земји, а посакува наскоро да ги посети и Хаваите.
– Најдобар начин да се истражи Америка е со автомобил. На секого му препорачувам да излезе и да види што е можно повеќе работи. Најдете свое патување и причина да верувате, бидејќи имате само еден живот, вели Гордон.