Солени залачиња од лиснато тесто кои може да ги полните со различни филови …
Потребно е:
200 мл кисела павлака
2 лажици млеко
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче бибер
450 гр спанаќ
2 лажици изрендан тврд каравји кашкавал
2 лажици изрендан пармезан
4 млади кромидчиња
1 јајце
500 гр лиснато тесто
Подготовка:
– Развлечете го лиснатото тесто во форма на правоаголник и исечете го со тап нож на парен број на мали правоаголници. Едниот дел од правоаголниците исечете ги на неколку места со ножот (видете на сликата).
– За филот измешајте ги павлаката, млекото, сол и бибер. Додадете го претходно избланшираниот и исцеден спанаќ, сирењата и ситно сецканиот кромид.
– На неисечените делови од правоаголниците од тесто ставете од филот и преклопете ги со другите исечени делови.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека не добијат убава златно-румена боја.